Во и околу Балканот се шири нов бран на корона вирусот, Унгарија најпогодена

0
109

Бројот на пациенти заразени со корона вирус во земјите од регионот бележи пораст во споредба со претходните денови, а најтешка е состојбата во Унгарија, каде што во последните 24 часа се регистрирани 4.948 инфекции и 107 смртни случаи.

Според извештаите на медиумите, во Србија се регистрирани 3.210 новозаразени и 15 починати.

Во Хрватска, пак, во последните 24 часа се потврдени 520 нови случаи, додека осум лица починале. Во Хрватска се пријавени и два случаи на инфекција со јужноафриканската мутација корона вирусот, а откриен е кај две лица кои се вратиле од Занзибар.

Вкупно 711 новоинфицирани лица се регистрирани во Босна и Херцеговина што е пораст во споредба со претходниот ден, кога имаше 469 новозаразени. Регистрирани се и 17 починати пациенти,

Во последните 24 часа во Република Српска, Ковид-19 е потврден кај 192 лица, додека во Институтот за јавно здравје се пријавени шест смртни случаи.

Во Црна Гора има 543 заразени и шестмина починати од корона вирусот.

Словенија регистрира 948 нови случаи на корона вирус, како и 13 починати.

Што се однесува до Романија, 3.432 лица се потврдени за позитивни, а 54 починале, додека во Бугарија бројот е двојно помал, 1.681 заразен и 49 починати пациенти.