Во петтиот пакет нема да има платежни картички за граѓаните, до петок ќе се знае дали ќе има помош за плати

0
59

До петок Владата ќе пресече дали на компаниите ќе им даде повторно финансиска помош за исплата на плати или оваа мерка ќе ја замени со бескаматни кредити. Сепак, за вицепремиерот Фатмир Битиќи, новопредложената мерка би била речиси иста како онаа за исплата на плати бидејќи и тоа било еден вид кредит, но мерката не била доволна разбрана во јавноста.

Владата се откажа од идејата да дели платежни картички и пари како до сега за ранливи категории граѓани како пензионери, невработени, самохрани родители, вработнеи со ниски примања

„Што се однесува до ваучерите, таа беше ад хок мерка направена во период на криза. Опфатени беа скоро 700 илајди граѓани, но морам да повторам, во сетот сега што се предвидува има многу поголема мерка којашто се однесува директно кај граѓаните, а тоа е отпис на каматите на граѓаните“, додава Битиќи.