Во соседна земја 12.000 луѓе годишно умираат од загаден воздух

0
82

Од загадувањето на воздухот во Србија годишно умираат до 12.000 луѓе.

 

Активистот на иницијативата „Да не го давиме Белград”, Радомир Лазовиќ, изјави денеска дека годишно умираат од 7.000 до 12.000 граѓани од загадување на воздухот во и ги праша претставниците на градските власти што се прави за решавање на овој проблем. Лазовиќ рече дека градовите во Србија се изложени на голема количина на загадување на воздухот помеѓу 100 и 150 дена во годината и оцени дека тоа се застрашувачки податоци, пренесува Бета. Белград денеска е 10-от најзагаден град во светот.