Вучиќ го положи првиот испит за кошаркарски тренер со оценка …

0
74

 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се пофали на Инстаграм со првата десетка во индексот која ја добил откако почна да студира на Високата спортска школа.

– Само што го положив првиот испит на Високата школа за спорт. Посебно сум благодарен на професорот Иван Чикиќ Марков за се што научив. Да ви се пофалам, добив 10-ка по предметот Социологија на спортот. Еднакво сум радосен, како кога го положив првиот испит на Правниот факултет – напишал Вучиќ.