Вучиќ најави филм за „Бура“: „Нема да правиме веќе филмови за педофили“

0
107

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, зборуваше за филмот „Дара од Јасеновац“ за време на гостувањето во српската телевизија Прва.

– По прикажувањето на филмот „Дара од Јасеновац“, мајка ми ми се јави и ми рече: „Ако помогнавте да го снимите ова, направивте голема работа“. Овој филм е направен во спомен на страдањата на нашето семејство, на нашите изгорени куќи во селото Чипуљиќ близу Бугојно од страна на „Гаравата бригада“ од Вараждин, како и на страдањата на семејството на татко ми од Усташите во Втората светска војна – рече Вучиќ.

Тој рече дека е иницијатор на снимањето на филмот за Јасеновац и дека тоа му го кажал на Милорад Додик пред неколку години за време на комеморативниот собир во Долна Градина.

– Нормално е дека Србија го презеде финансирањето, исто како што ние го презедовме финансирањето на Меморијалниот парк во Градина – откри Вучиќ.

Тој рече дека најпрво размислувал за ангажирање на најголеми светски компании за продукцијата, но се откажал кога видел, како што вели, „дека нашите деца не знаат ништо за Јасеновац“.

– Што мислам за филмот „Дара из Јасеновац“, реков кога ги одликував режисерот Гаги Антонијевиќ и сценаристот Наташа Дракулиќ за Сретење“- одговори тој на прашањето за неговото доживување на контроверзниот филм.

Тој рече дека реакциите од одредени меѓународни кругови, како што е австрискиот професор Флоријан Бибер, сакаат да го оспорат правото на Србите да снимаат филмови за нивното страдање.

– Кога се прави филм за страдањата на Сребреница, што е страшно злосторство, тогаш тоа не е виктимизација, но кога се прави филм за геноцид врз Србите, тогаш станува збор за виктимизација на која Србите немаат право – се жали Вучиќ.

Александар Вучиќ рече дека властите во Србија ќе продолжат да помагаат во снимањето филмови за страдањата на српскиот народ во различни историски настани, најавувајќи дека Предраг Антонијевиќ ќе снима и филм за „Бура“ (Oluja).