Вучиќ: Не е пријатна новата политика на САД за Косово

0
94

Вчера претседателот на Соединетите Држави, Џо Бајден, испрати писмо до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во кое му го честита Денот на државноста и, меѓу другото, повика на сеопфатен договор за нормализирање на односите со Косово, фокусиран на меѓусебно признавање.

Реагирајќи на оваа порака, Вучиќ за медиумите во Белград изјави дека Србија е подготвена да го продолжи дијалогот со Косово, но дека нема да го признае. Претседателот на Србија рече дека заемното признавање не стои во актот на ниту една светска организација, додавајќи дека за него е јасно дека ова е нова американска политика.

„Ние сфаќаме дека ова е нова американска политика. Имаше обид тој термин да се наметне како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение во Вашингтон. Јас веќе еднаш во лице кажав што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде различен“, истакна Вучиќ. Тој додаде дека „не е пријатно“ тоа што е јасно дека американската надворешна политика ќе оди во насока на признавање на независноста на Косово.