Германците издресирале кучиња да намирисаат болни со корона,прецизноста е 94 проценти

0
73

Кучињата се научени да го намирисаат „мирисот на короната“ што произлегува од клетките на заразените лица, вели Естер Шалке, ветеринар во германското училиште за обука на кучиња.

Филу, тригодишен белгиски овчар и Џо Кокер, едногодишен Кокер Спаниел, се двете кучиња кои ја поминуваат обуката на Ветеринарниот факултет во Хановер.

„Направивме студија во која кучињата душкаат примероци од позитивни пациенти со ковид и можеме да кажеме дека според нашето истражување, постои 94 процентна шанса да можат да ги надушкаат пациентите“, вели Холгер Волк, шеф на ветеринарната клиника.

„Кучињата навистина можат да разликуваат луѓе со и без инфекција, асимптоматските луѓе со корона и оние со симптоми “, додава тој.

Стефан Вејл, премиер на Долна Саксонија, каде што главен град е Хановер, вели дека е импресиониран од студијата и повика на физибилити студија пред кучињата да се користат во секојдневниот живот, на пример за публиката на концерти.

„Треба да ги тестираме на избрани настани“, рече Вејл.

Во Финска, кучињата обучени да намирисаат ковид започнаа да душкаат патници на аеродромот во Хелсинки минатиот септември како дел од пилот-проектот заедно со вообичаените методи на тестирање на аеродромите.

Меѓународниот аеродром Сантијаго во Чиле исто така користи кучиња за откривање корона.