Гејтс: Коронавирусот е смешка во споредба со климатските промени

0
66

Основачот на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс изјави дека решавањето на проблемот со климатските промени би била најневеројатната работа која човештвото некогаш ја направило. Според него, ставањето на крајот на пандемијата на коронавирусот е лесна работа.

Гејтс за ова пишвал и во неговата најнова книга „Како да се избегне климатска катастрофа.

Вели дека човештвото никогаш не направило потфат како тој што ќе треба да се направи во следните 30 години. Тој објаснува дека 51 милијарди тони гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина се испуштаат секоја година, а како што вели, тој број треба да биде нула.