Градежни работници во Скопје и Битола паднале од објекти во изградба

0
64

Двајца градежни работници, едниот во Скопје другиот во Битола, денеска се повредиле додека работеле на изградба на објекти.

 

Имено, во 12.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е донесен повреден Ј.И.(44) од Куманово, по чие кажување околу 12.30 часот се повредил додека извршувал работни задачи како градежен работник во објект на ул. „Филип Втори Македонски“. Од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и известен е Државен трудов инспекторат.

 

Истиот ден во СВР Битола од доктор од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола бил пренесен повреден Д.К.(27) од Скопје, при што по сведочење на З.К.(34), Д.К. паднал од скеле додека извршувал работни задачи на објект во фаза на изградба во Битола.

 

Во Клиничка болница Битола од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител и трудов инспектор. Извршен е увид