Двајца струмичани снимале порнографски клипови со малолетничка и ги праќале преку социјална мрежа

0
53

Против две лица, Основното јавно обвинителство од Струмица, донесе наредба за спроведување на истражна постапка поради сомнение за сторени кривични дела, Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193, како и Производство и дистрибуција на детска порнографија според Кривичниот законик.

Имено, во август 2019 година, осомничените на возраст од 24 и 27 години, присилиле малолетничка која имала наполнето 14 години на снимање слики и видео клипови со порнографска содржина. Тие ја повикале оштетената во напуштен локал во еден трговски центар, каде без нејзина согласност извршиле полови дејствија врз неа и тоа го снимиле. Видеото потоа го направиле достапно, така што преку социјална мрежа го испратиле на трети лица.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство, можност да влијаат врз оштетената/сведокот и можност да го повторат делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничните им определи притвор во траење од 30 дена.