Демократите објавија досега невидено видео од упадот во Капитол хил

0
60

На видеото се гледа како приврзаниците на Доналд Трамп ги бараат претседателката на претставничкиот дом, Ненси Пелоси и тогашниот потпретседател на САД, извикувајќи „обесете го Мајк Пенс“. На снимката се гледаат судири меѓу демонстрантите и полицијата, на околу триесетина метри од просторијата каде се наоѓа Пенс со своето семејство, каде дел од собраните поставиле бесилка.

Видео материјалите се однесуваат на периодот од околу еден час попладне на 6 јануари, кога првата група приврзаници на Трамп се појави пред Капитол хил и подоцна насилно упадна во зградата, сè до моментот кога заврши опсадата.

Трамп е првиот претседател кој се соочува со судење за импичмент по напуштањето на функцијата. Тој е обвинет за поттикнување востание преку воспалувачки зборови, за што неговите бранители велат дека е заштитен со првиот амандман на уставот.