ДИМОВСКИ ЗА ТВ 24: НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБАШЕ СТРОГО ДИГИТАЛЕН ПОПИС

0
62

Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ во Студио 10 истакна дека уште непочнат пописот има веќе искри и смета дека ваков тип на попис ќе направи политички проблем.

„На Македонија и требаше строго дигитален попис.Ние ќе имаме теренски попис кој во претпописна фаза ќе користи бази на податоци за олеснување на влезот на податоци од теренскиот попис, значи базите кои ќе се користат во овој попис, нема да го прават пописот сам по себе.“ – вели Димовски.

Она што неговата партија го предложила е дека Македонија има десетина бази и дека има одличен софтвер и можела да направи строго електронски попис кој адекватно ќе дадеше толчни резултати, немаше да предизвикува политички потреси и ќе беше адекватен во услови на пандемија.