Дупките што се појавија по земјотресот во Хрватска се сѐ поголеми – „ова е невиден феномен“

0
100

Новиот земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала, што се случи вчера, дополнително активира многу свлечишта во Банија, а дупките што се создадоа во земјата стануваат сè поголеми.

Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека појавата на овие дупки досега не им била позната на сеизмолозите.

„Нема пишани траги, дури ни усни сознанија на нашите постари сеизмолози. Ова е нешто ново за нас“, потенцира Кук.

Тој исто така рече дека земјотресите во Банија сè уште не престанале, но и дека сеизмичката активност е послаба.