Ердоган: Единствено решение за Кипар е формирање две држави

0
69

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека единственото решение за повеќедеценискиот спор околу Кипар е формирање две држави на островот.

Тој додаде дека федерацијата за која се залага Атина нема да биде тема на претстојните разговори со посредство на Обединетите нации.

Водачите на Грција и Кипар рекоа дека ќе го прифатат мировниот договор за Кипар само врз основа на резолуциите на ООН и ја отфрлија формулата за две држави, на која инсистираат Турција и кипарските Турци, пренесува „Ројтерс“.

Разговорите под покровителство на ООН се закажани за во март.

Ердоган исто така им порача на пратениците од неговата партија дека не може да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и покрај продолжувањето на разговорите меѓу Грција и Турција за споровите во Средоземното Море.

Ердоган рече дека Мицотакис го предизвикал и му порача дека треба да ги знае своите граници.