ЕУ го предупреди Косово да не отвора амбасада во Ерусалим

0
90

ЕУ вчера го предупреди Косово да не ја отвора својата амбасада во Израел во Ерусалим, пренесува новинската агенција „Шехаб“ цитирајќи ги израелските медиуми. „Тајмс оф Израел“ објави дека ЕУ го замолила Косово да не отвора амбасада во Ерусалим и да застане на ставот на ЕУ и Резолуцијата 478 на Советот за безбедност на ОН, според која странските амбасади во Израел треба да бидат сместени во Тел Авив. „Позицијата на ЕУ за преместување на амбасадите во Ерусалим е јасна. Сите амбасади на земјите членки на ЕУ, како и Делегацијата на ЕУ во Израел, се наоѓаат во Тел Авив. ЕУ долго време тврди дека статусот на Ерусалим треба да се реши преку директни преговори меѓу Израел и Палестина“, изјави портпаролот на ЕУ, Питер Стано.