Заев: „Бујрум“ ако имате парламентарно мнозинство

0
85

Нема да има локални избори заедно со парламентарните избори, рече денеска премиерот Зоран Заев, отфрлајќи го барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Упати порака до Мицкоски ако има мнозинство нека каже, а не да лаже. Упати порака и  до другите парламентарни партии.

„Ја повикувам секоја партија што смета дека треба да има предвремени парламентарни избори да даде јавна изјава за тоа. Коалициските партнери се апсолутно на мислење дека треба да има редовни избори. Дојде време да се работи и работи до крај, а не постојано да се оди на избори. Тука бевме на избори, прифативме, ја поставивме евро-атлантската агенда, а изборите завршија, а ВМРО-ДПМНЕ загуби. И сега повторно да одам на лесната работа? Зошто затоа што Мицкоски мисли така? „Не, нема причина да се оди“, рече Заев.