Заев: Мијалков се појави како печурка по дожд, да не се криел можеби во Белата палата

0
52

Екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков цело време бил во Скопје, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски. Заев уште еднаш повтори дека од хотелот Мериот Мијалков се упатил кон неговиот дом и од таму веројатно избегал во некој објект од соседството. На инстистирањето од опозицијата каде престојувал Мијалков пред да се појави Заев саркастично одговори дека можеби бил во Белата палата, односно во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.