Заев: Неуставно е во личните карти да не стои името на државата

0
86

Барањето на ВМРО ДПМНЕ за вклучување на националноста во личната карта е неуставно. Вака, премиерот Зоран Заев го коментира предложениот амандман на предлог-законот за лични карти на Движењето Беса, со кој се предвидува вклучување на графата за етничка припадност во личните карти. Според Заев, опозицијата се обидува да го блокира Законот за лични карти.

Собранието сè уште не ги разгледало и обработило 1230-те амандмани предложени од Левица. Од овој субјект велат дека содржината на амандманите е претежно иронична и има за цел да го блокира законот. Во стотици амандмани се предлагаат различни датуми за периодот на спроведување на законските измени.

Од Левица ги отфрлаат обвинувањата дека пратеници од други пратенички групи им помогнале при пишување на амандманите. Поддршката за графата за етничка припадност, што ВМРО ДПМНЕ ја прифаќа само доколку во графата националност стои „Македонец“ без да стои новото име на државата е во спротивност со Договорот од Преспа. Предлог- законот за лични карти беше доставен до Собранието по кратка постапка, со прифатено барање на БЕСА во личните карти да биде вметната етничката графа.