Заев: Посветени сме на зголемување на платите

0
71

Платите продолжуваат да растат од месец во месец. Просечната исплатена нето-плата во декември 2020 година достигнува 28.294 денари, што е зголемување за 5,4 проценти во споредба со истиот месец во 2019 година, поточно 1.458 денари, се вели во објавата на Фејсбук, премиерот Зоран Заев.

„Ние сме посветени на зголемување на платите за да достигнеме до 34.000 денари во следните четири години, со цел да го подобриме стандардот на граѓаните и економијата на земјата“, напиша Заеви.