Заев: Прекршен е планот за вакцинација во Охрид- ќе се превземат конкретни чекори за да не се повтори истото

0
54

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање дека некој се вакцинирал преку ред, потврди дека случајот се појавил во Охрид и рече дека ќе се превземат конкретни чекори бидејќи е прекршен планот за вакцинација.

-Вчера се објави осуда и од Филипче за случајот кој се појави во Охрид, се работи за секретарот на болницата кој веројатно заедно со директорот на ковид- центарот во Охрид е постојано во коминикација, но прекршокот е во тоа што е надвор од планот за вакцинација. Верувам ќе се превземат конкретни чекор, за да не се повтори истото и за да се оди строго по протоколот кој што е јавно обкавен од Министерството за здравство, а тоа се прво здравствените работници кои што работат во ковид- центрите, па после се хронично болните, па возрасните и така натаму. Ова е важно е да се научиме на ред, затоа што не случајно е поставен овој план, ако тргне еден да го крши планот тогаш може секој да го прави тоа. Верувам дека сите согласно планот ќе се вакцинираат во нашата земја и дека тоа ќе биде со предвидената динамика која што ја имаме. Покрај овие вакцини што ги имаме во моментов се за здравствените работници очекуваме следната недела да дојдат уште вакцини од Србија, рече Заев