Заев се сретна со лицата „одговорни“ за обезбедување на Мијалков

0
69

Од Владата истакнаа дека утрово премиерот Зоран Заев остварил работна средба со лицата „одговорни“ за обезбедување на поранешниот директор на ДСК Сашо Мијалков.

Заев се состана со одговорни лица на институциите кои треба да обезбедат присуство на обвинетиот Сашо Мијалков. Според Владата, Заев го свикал состанокот со цел да биде информиран директно и лично за целиот настан, истрагата и чекорите што ги презеле институциите.