Захариева: Прашањето дали го оспоруваме идентитетот беше решено со чинот на признавање на независноста

0
77

Бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева изјави дека лага е дека тие го спорат македонскиот идентитет.

Таа ова го кажа во интервју за zoom.mk. Захариева вели дека ова многу пати го кажале и дека македонските политичари тоа го знаат.

„Но, пред македонското општество и пред европските политичари полесно е да се претставува дека ние го оспоруваме вашиот идентитет. Прашањето дали го оспоруваме идентитетот беше решено со чинот на признавање на независноста на Република Македонија од Бугарија, како прва земја“, изјавува Захариева.

Таа вели дека во Бугарија нема негативен став кон граѓаните на земјава и сака така и да остане.

Деновиве повторно имаше провокативни изјави од бугарски политичари.