За десетина дена ќе бидеме една од ретките земји со целосно вакциниран медицински персонал, вели Филипче

0
72

За десетина дена ќе бидеме една од ретките земји со целосно вакциниран медицински персонал, изјави министерот за здравство, Венко Филипче во дневникот на Сител.

„Со самата пратка на вакцините пристигнуваат документите, за кои подоцна потребно е да се направи административен записник.  Што се однесува до остатокот од вакцините од Србија, следната недела ќе ги очекуваме да пристигнат во земјава. Во следните денови ќе се вакцинираат по 300-400 лица на дневно ниво. Исто како и јавните здравствени институции, и приватните центри ќе бидат вклучени во имунизацијата.  Фајзеровата вакцина е специфична, но со оваа динамика којашто ја посочив ќе го испочитуваме распоредот. Што се однесува до кинеските вакцини, последните информации говорат дека тие ќе пристигнат во земјава до крајот на месец февруари“, посочи Филипче.

Филипче вели дека до крајот на овој месец би требало да пристигнат 200-те илјади вакцини од кинеската компанија Синофарм.