Зибери: Самостојно се пријавив на оглас за Народен правобранител, нема компензации

0
51

Фунцијата Народен правобранител не ја добив како резултат на некаква политичко – партиска компензација, туку самиот се пријавив на јавниот оглас, изјави новиот Обдусман Насер Зибери. Тој нагласува дека функцијата ќе ја извршува одговорно, дека нема да има амнестија кон ниту еден припадник на орган на управа или носител на јавна функција и дека согласно Уставот и законите ќе се стави во улогата на заштитник на слободите и правата на граѓаните.

Апсолутно не се работи за никаква компензација во смисла на мојот ангажман. Јас доброволно прифатив да бидам номиниран за можен кандидат за премиер, но изборните резултати дадоа таква конфигурација и резултатот е тој што е, се знае кој е премиер. Јас на огласот објавен од страна на Собранието, се пријавив да учествувам за можната позиција Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите”, вели Зибери во интервју за Радио слободна Европа на македонски јазик.