ИНА: БЕСА ќе ја напушти Владата?

0
136

Постои можнот движењето БЕСА да ја напушти Владата, поради одобрените проекти од страна на Министерството за култура, каде што Албанците се дискриминирани, пишува албанската новинска агенција „ИНА“.

 

Четвротица пратеници од БЕСА се клучни за раскинување на коалицијата, а деновиве ќе биде донесена одлуката.

 

Последната одлука на Министерството за култура предизвика незадоволство кај оваа партија.

 

Само 16% од буџетот се оделени за албанските проекти. Односно, само 84 милиони и 300 илјади денари, од вкупно 508 милиони денари колку што е и вкупниот буџет.

 

Заменик министерот за култура, Седат Сулејмани во изјава за ТВ21 отворено истакна дека резултатите кој што беа објавени од страна на министерката за култура Ирена Стефоска се дескриминирачки.

 

-Одлуката на министерството е дискриминирачка и надвор од секоја логика. Јас неколку пати се обидов да бидам дел од процесот од годишната програма, но министерката го злоупотреби тоа што законот и го дозволува, повикуваќи се на истиот и тоа дека таа одлучува за се, потенцираше заменик министерот Сулејмани.