И раководството на ВМРО-ДПМНЕ закажа конгрес, ама редовен и во ноември

0
52

Вечерва заседаваше на редовна седница Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која се разговараше за повеќе теми поврзани со тековните и актуелни случувања во Република Македонија.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ по предлогот на ИК кој заседаваше уште пред два дена донесе одлука за оддржување на редовен конгрес на партијата во месец Ноември. Воедно ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери ќе бидат на терен по градовите и селата заедно со народот.

Претходно вчера Иницијативниот одбор најави вонреден конгрес на оваа партија на 28 март, за да се дискутира за одговорноста на лидерот Христијан Мицкоски за резулатот од ланските парламентарните избори.