Касами убеден: 2 опозицијски пратеници ќе се приклучат на мнозинството

0
249

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, ги отфрли тврдењата на опозицијата дека парламентарното мнозинство не е стабилно. Во интервју за ТВ Глоби тој дури изјави дека мнозинството ќе се зголеми, бидејќи премиерот Зоран Заев е во преговори со 2 пратеници на албанската опозиција и дека има целосна доверба дека тие ќе се приклучат на владиното мнозинство.

„Премиерот разговара со одредени пратеници со ВМРО, она што можам да го кажам  е дека ние како Движење Беса сме во редовна комуникација со некои пратеници од албанската опозиција со коi можеме да имаме целосна позитивен резултат за да се приклучат на владеачкото мнозинство!
Новинар: Кои се тие, господине Касами?
Касами: „Но, ако разговараме и ги откриеме на јавноста, верувам дека може да има одредени проблеми за овие пратеници и нивните семејства, не сакаме да се случи вакво нешто“.