Колку е затворено судството кон јавноста, одржана првата регионална Фокус дискусија за судии и новинари, организирана од Судско – Медиумскиот совет

0
46

Без портпароли, погрешни броеви за лица за контакт за новинарите, сложени процедури додека се добие дозвола за следење на настан или информација од јавен карактер. Ова се најчестите препреки од судските институции со кои се соочуваат новинарите од Западна Македонија кога работаат на тема судство. Судиите од апелационото подрачје Гостивар на дискусијата одржана во гостиварска апелација, лично се запознаа со проблемите на медиумските работници и ветија полесен пристап до информации.

Соговорниците направија кратка презентација на Водичот за судска транспарентност, како и на заложбите на Советот за промена на постојното законодавство. Целта на оваа активност беше запознавање на локалните судии и новинари со улогата и работата на Советот, како и со можноста да бидат ангажирани и да земат учество во неговите активности и дискусии.

Членовите на СМС во дебатен формат отворено разговараа со локалните засегнати страни за должностите и за надлежностите на Советот и за можноста за помош во подобрување на имиџот на судството во јавноста и зајакнување на соработката помеѓу судиите и новинарите.