Коронавирусот може да се пренесе преку замрзната храна: СЗО ја заврши истрагата во Вухан

0
81

Коронавирусот сепак може да се пренесе преку замрзната храна и истиот не е создаден во лабораторија туку лилјаците најверојатно се негов извор.

Ова е заклучокот на истрагата направена во Вухан од страна на Светската здравствена организација која неодамна ја заврши истрагата за потеклото на Ковид19.

 

Скоро четири недели, експертите од СЗО престојуваа во Кина каде испитуваа од каде потекна пандемијата која го опфати скоро цел свет.

 

Сега, кинеската власт ги повика САД да бидат транспарентни и да ги викнат експертите на СЗО кои ќе го испитаат потеклото на вирусот таму.

Откако јавноста и светот ги слушнаа заклучоците, дека истрагата нема да ја смени многу досегашната перцепција, Вашингтон објави дека подетално ќе ги проучува истите.

Она што боде очи од истрагата а на кое малкумина веруваа е дека вирусот може да се пренесе преку замрзната храна.

Пандемијата со коронавирусот се прошири за кратко време ширум светот, се исполитизира многу брзо а Кинезите упорно тврдеа дека вирусот потекнува надвор од нивни граници.

Од друга страна САД тврдеа дека имаат црсти докази дека вирусот е создаден во лабораторија во Вухан.