Летовите Скопје –Атина се враќаат од следниот понеделник

0
59

Грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ соопшти дека од понеделник, 15 февруари летовите Атина – Скопје повторно продолжуваат со работа, а ќе се лета два пати неделно со авион од типот „АТР42“

 

Инаку, влезот во грција е се уште забранет за најголем дел граѓани од земјите надвор од Европската Унија.

 

Пред две недели, македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи потпиша во Атина повеќе билатерални договори.

 

„Очекувам дека во наредните месеци, како што ќе се олеснуваат мерките за заштита, да имаме зголемување на соработката помеѓу нашите две земји, во сите сектори, вклучувајќи ги и туризмот и инвестициите“, изјави министерот Османи за време на неодамнешната посета на Атина каде потпиша повеќе билатерални договори.