Македонија го задржа статусот на хибриден режим

0
59

Само 0,12 индексни поени ја делат Македонија од групата „слаби демократии“ во Извештајот на угледниот Економист. Со своите 5,89 поени, рангирана е во групата земји со хибриден режим. Во истото „друштво“ се Бангладеш, Ел Салвадор, Украина, Танзанија, Боливија, Кенија, Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и други. Подобро рангирани се сите наши соседи: Албанија со 6,08, Србија со 6,22, Бугарија 6,71 и Грција со 7,39. Листата за 2020-та година ја предводат демократските земји Норвешка со 9,81 и Исланд со 9,37, а ја завршуваат авторитарните земји Северна Кореја со 1,08 и Конго со 1,13.

„Економист“ дава оценки во неколку категории. Македонија најдобро стои во категоријата „изборни процеси и плурализам“, каде добила индекс 7,42, како и во „граѓански слободи“ со оценка 7,06, а најслаба оценка од 3,13 има за „политичка култура“.

Во ваквите параметри владеачката СДСМ гледа пофалби поради „начинот на кој беа организирани и спроведени изборите, што е значаен успех со оглед на здравствената криза“.

ИЗВОР ТЕЛМА