Македонци минатата година земале 9000 бугарски пасоши

0
70

Минатата година бројот на издадени пасоши во Бугарија од 9.314 се зголемил на 18.446. од кои повеќето или 9.098 биле издадени на Македонци, објави бугарскиот весник „Монитор“ повикувајќи се на официјални државни статистики.

По Бугарија, по бројноста на извадени бугарски пасоши следуваат граѓани на Украина, Србија Молдавија и Албанија. Дел од пасошите се издадени за деца на Бугари во дијаспората, спортисти, како и на странски бизнисмени кои инвестирале во Бугарија.

Од 2016 до сега бројот на „нови Бугари“, како што ги нарекува весникот, е 53.400, од кои 25.600 се Македонци