Маричиќ: Евростат потврди дека Законот за попис и методологијата се според европски стандарди

0
53

Евростат потврдил дека Законот за попис и методологијата по која ќе биде спроведен е по највисоките пропишани стандарди кои се воспоставени во сите развиени земји, соопшти денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„По одговорот кој стигна од „Евростат“ се поклопуваат сите сомнежи на опозицијата и за методологијата и за Законот за попис, како и за начинот на кој ќе се спроведува. Пописот и е потребен пред сè на државата, на нас, на сите граѓани, а не на партиите. Вчера беше донесен и здравствениот протокол за изведување на пописот од страна на Комисијата за заразни болести, па оттука ќе бидат исполнети и сите здравствени протоколи со цел безбедно спроведување на пописот“, рече Маричиќ.

Тој ги повика политички партии да се обединат и да ја остават дневната политика настрана, со цел заеднички да се спроведе пописот.

Маричиќ најави дека следната недела почнува попишувањето на неколку групи граѓани, меѓу кои и на дијаспората. Од понеделник ќе се попишуваат припадниците на Армијата, лицата во Воспитно-поправни установи, затворите, дипломатите и нивните семејства во странство, како и бездомните лица.