Меморијален марш за жртвите на трагедијата во Ласкарци

0
64

Меморијален марш ќе биде организиран во сабота,  на годишнината од трагичната несреќа во Ласкарци. Маршот оваа година ќе биде долг 24 километри и учесниците ќе го минат автопатот Тетово-Гостивар.

Спортскиот алпинист Замир Мустафаи е еден од иницијаторите на меморијалниот марш кој истакна дека пандемијата ги диктира условите и од тие причини има промена на планираните активности.

„Минатогодишниот марш / маратон од Ласкарци до Гостивар беше околу 50 километри, оваа година го скративме. Маршот треба да започне на наплатната рампа Тетово и да заврши на градскиот плоштад во Гостивар со симболична церемонија рече Мустафаи, 

Тој во име на организаторите им ја пренесе пораката на надлежните институции да ги преземат сите неопходни мерки за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата и да не се повторуваат вакви трагедии.