Меркел -Пандемијата ќе заврши ако богатите им донираат вакцини на сиромашните земји

0
83

Пандемијата нема да заврши се додека не се вакцинираат сите граѓани на светот, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по видео-самитот Г7.

Германија и другите богати држави треба, покрај финансиската помош, да донираат дел од своите залихи на вакцини и на сиромашните земји, бидејќи можеме да ставиме крај на пандемијата само ако ги вакцинираме сите луѓе на Земјата, рече германскиот канцелар, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека не се разговарало за тоа колку проценти од националните залихи треба да се донираат.

Таа истакна дека новиот американски претседател, Џо Бајден, веќе ја зајакна меѓународната соработка и мултилатерализам и коментирајќи ги дипломатските активности за заживување на иранскиот нуклеарен договор, таа најави дека ќе се обиде да обезбеди поттик за преговори.