МЗ: 13 починати и 129 новозаразени со Ковид-19

0
50

Министерство за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица, односно, пет пациенти од Скопје на 76, 70, 61, 58 и 54 години, двајца од Кавадарци на 87 и 78 години и по еден пациент од Тетово на 73 години, од Куманово на 79 години, од Охрид на 66 години, од Гевгелија на 73 години, од Прилеп на 80 години и од Неготино на 61 година.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 129 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 76 случаи во Скопје, 19 во Кавадарци, по девет во Неготино и Битола, шест во Прилеп, по три во Велес, Охрид и Струга, по два во Куманово и Тетово и по еден случај е регистриран во Гостивар, Штип, Кичево, Виница, Македонски Брод и Демир Капија.

Регистрирани се 342 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 101 , Кавадарци – 49, Делчево – 45, Охрид и Струга – по 22, Велес – 18, Прилеп – 14, Неготино – 11, Тетово – 7, Куманово – 6, Гостивар, Демир Капија, Свети Николе и Берово – по 5, Штип – 4, Гевгелија , Радовиш и Валандово – по 3, Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 2 и по 1 од Кочани и Кратово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 503.565 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 854 тестови.