Мијалков не даде завршен збор за „Таргет и Тврдина“, само неговите адвокати

0
49

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на денешното судење за случајот „Таргет и Тврдина“ не даде свој завршен збор, истакнувајќи дека во целост се придржува на завршните зборови на неговите адвокати.

 

Адвокатите пак претходно целата вина за прислушувањето ја префрлија врз Ѕвонко Костовски, клучниот сведок на Адвокатот Миле Петровски образложуваше дека нема ниту еден доказ дека Мијалков го наредил масовното прислушување, ниту пак дека бил организатор на групата за овие незаконски дејства заедно со Горан Грујевски и Надица Николиќ.

 

„Анализата на доказите покажува дека теоријата на случајот што го образложија обвинителите останала само теорија. Тврдењето дека Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ создале група која масовно прислушувала е без докази. Од сите докази точно е само тоа дека Мијалков им бил претпоставен на двајцата. Улогата што му се дава на Мијалков, дека е организатор за создавање на група не е точна. Тој ниту е создавач ниту извршувач. Затоа, не може да биде прогласен за виновен, зашто не постои ниту еден материјален или вербален доказ дека Мијалков им дал наредби на вработените да прислушуваат граѓани“, рече Петровски.

 

Адвокатот Љупчо Шврговски, пак,се повика на аболицијата дадена од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, тврдејќи дека обвинетите во овој случај не можат да се судат веќе бидејќи одлуките на Европскиот суд на човекови права имаат наднационална моќ, а тој утврдил дека не можела да се поништи одлуката за помилување за него, за Гордана Јанкуловска и за останатите.

 

Пресудата за „Таргет и Тврдина“ ќе биде објавена на 26 февруари.

Фокус