Навивачите на стадионите ширум Островот ќе се вратат на крај на сезоната!

0
52

Навивачите во Англија ќе може да се вратат на стадионите од 17 мај, ако се обезбедат сите услови на стадионите, барем така најави премиерот Борис Џонсон. Џонсон порача дека ќе може да се вратат вкупно 10.000 навивачи на стадионите, односно една четвртина од капацитетот на стадионот каде што ќе се игра натпреварот. Помалите стадиони ќе може да примат до 4.000 навивачи. Тоа значи дека натпреварите од Премиерлигата ќе се играат пред навивачите од последното коло, кое е закажано за 23 мај.