Над 1.300 здравствени работници вакцинирани од почетокот на имунизацијата

0
28

На седмиот ден од вакцинацијата, бројот на здравствени работници кои ја примиле првата доза на вакцини „Фајзер“ достигна 1.300 лица. Денеска се вакцинира медицинскиот персонал на Клиниката за траума и ортопедија. Меѓу нив беше и заменик министерот за здравство Илир Хасани. Тој го повика медицинскиот персонал доброволно да се вакцинира, давајќи им пример на граѓаните. Хасани рече дека картичката за вакцинација во иднина ќе служи како официјален документ, доколку е потребно за патувања во странство.

„Картичката за вакцинација е официјален документ, кој во иднина ќе послужи како доказ дека сме ја примиле вакцинацината. За следните моменти каде што ќе се користат картичките за вакцинација или пасошот, навистина не можам да дадам одговор бидејќи сè се одвива со брзо темпо“, изјави Хасани.