Нападнат вработен во пајак службата во Тетово: Уапсени татко и син

0
83

Татко и син се приведени од полицијата откако претходно истепале вработен во службата за градски паркинг и специјалното возило „пајак“ денеска околу пладне во Тетово. Инцидентот се случил на улицата „Илинденска“ каде таткото и синот се расправале со вработениот и го нападнале.

Од СВР Тетово за МИА потврдија дека две лица се задржани во полициска станица по пријавен напад од пајак службата.

 -Во 12 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово на улица „Илинденска“ во Тетово, во непосредна близина на градскиот плоштад, ги привеле тетовците Х.Т.(19) и Ш.Т.(47), кои претходно физички го нападнале С.М.(49) од тетовска Шипковица, вработен во тетовската „пајак-служба“. Двајцата пријавени за физичкиот напад задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Вчера приведен бил 46 – годишник од Тетово поради агресивно однесување кон полициски службеници додека вршеле работни задачи на улицата „Иво Лола Рибар“.