Научници во Индија открија 240 нови варијанти на коронавирусот, неколку окрузи одат во карантин

0
45

Се појавуваат нови мутации на коронавирусот.

Индиски научници открија 240 нови варијанти на коронавирусот, пишува The Citizen.

 

Индиските медиуми денес објавија дека Индискиот институт за медицински науки (AIIMS) вчера открил нови видови на КОВИД-19 во земјата, односно откриени се 240 нови мутации. Здравствените власти предупредуваат дека некои од тие варијанти се потенцијално позаразни и можат целосно да го избегнат имунолошкиот одговор на телото. Новите варијанти веројатно се причина за појавата на повеќе нови случаи на заразени во неколку индиски држави, меѓу кои Махараштра, втора најнаселена држава во Индија, каде што сенаоѓа и градот Мумбаи. Директорот на Индискиот институт за медицински науки, Рандип Гулерија, предупреди и дека некои од новите варијанти може лесно да се пренесуваат или потенцијално да бидат поопасни затоа што поседуваат т.н. механизам за бегство, кој потенцијално може да предизвика повторно заразување. Неколку окрузи во Индија од денес oдат во построг карантин.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, вели дека пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година. Повеќе од 2.4 милиони луѓе во светот починаа од вирусот.

ФАКТОР.МК