„Најсилен можен земјотрес“ ги погоди Токио и Фукушима (ВИДЕО)

0
181

Земјотрес со јачина од 7,0 степени денеска го погоди брегот на јапонската префектура Фукушима, силно тресејќи ги градовите на источното крајбрежје и предизвика страв од цунами.

Неколку сеизмолошки агенции ја оценија јачината на земјотресот, кој го погоди источно од најголемиот јапонски остров Хоншу, на 7,0 или посилно.

Тој беше регистриран како најсилен можен земјотрес на скалата за сеизмички интензитет на локалната Јапонска метеоролошка агенција. Земјотрес од 7 степени во Јапонија укажува на насилен, тежок земјотрес што може да ги потресе луѓето и предметите околу себе, да уништи згради и да го разори тлото.

Земјотресот предизвика страв од цунами, но подоцна алармот беше повлечен.

Говорителите на англиски јазик во Јапонија излегоа на социјалните мрежи за да го изразат својот шок од земјотресот, кои некои го опишаа како многу понасилен од кој било претходно.

„За повеќе од 7 години во Јапонија, ова беше најсилниот, најдолг и најстрашен земјотрес што некогаш сум го почувствувал“, напиша еден корисник, додека една Јапонка на социјалните мрежи тврдеше дека земјотресот ја исфрлил од кревет.