Неделкова: Очигледна е тенденцијата да бидам разрешена и да не пречам веќе во судството

0
53

Лидија Неделкова, која денеска беше разрешена од функцијата, смета дека нејзиното разрешување е тенденциозно.

„Очигледна е една политичка, лична комбинација на тоа да бидам разрешена и едноставно да не пречам веќе во судството“,

изјави Неделкова откако на седницата на Судскиот совет беше презентиран предлог за нејзино разрешување.

Претставката против неа ја поднесе експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој исто така беше разрешен.

Покрај одлуката да биде разрешена, Судскиот совет одлучи и времено отстранување од функцијата судија, односно додека одлуката да стане правосилна. Одлуката ќе стане правосилна откако ќе се произнесе и Советот за жалби во Врховниот суд, каде што Неделкова најави дека ќе поднесе жалба.