Нема нов договор меѓу македонските и бугарските историчари – напредокот се бележи во милиметри

0
84

Напредокот на работата на Мешовитата историска комисија се бележи во милиметри, јавува Сител.

По два дена преговори согласност има само на техничко ниво. Потпишан е записникот од средбата во октомври, а договор за останатите теми нема.

“Во однос на дискусијата за учебниците по историја, како и на претходната средба, не беше постигнат напредок. И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики. Со оглед на продолжената на дискусијата за учебниците по историја, на оваа средба, Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако беше на дневен ред”, информираа од македонскиот дел од Комисијата.

Бугарскиот историчар Наум Кајчев средбите ги оцени со 3, на скала до 10. Во изјава за Сител рече дека најголемиот дел од дискусијата бил посветен на препораките за учебниците и претставувањето на Цар Самоил.

-Објаснувањето кое го даваат колегите од Скопје е дека еден бил цар Самоил за политичарите, за двостраното чествување меѓу нашите две страни, а друг бил цар Самоил за образовниот систем, односно за учебниците. За нас тоа е неприфатливо. Не може да има таква дуалност. Не може да има различни држави на цар Самоил. Карактерот на државата е единствен и треба сите да