Неработната недела е резултат од злоупотребите на некои работодавци

0
84

Само една третина од работниците во земјата ќе работат во недела. Со исклучоци се очекуваат 34 активности што се поврзани со колективни договори. Покрај здравството, комуналните услуги, полицијата, армијата и фабриките кои не можат да го запрат производството, недела останува работен ден за јавниот превоз, аптеките, медиумите, пожарникарите, хотелите, прехранбениот сектор и сл. Нема да има трговски центри или кафулиња освен аптеки и ресторани. Со други зборови, предлог-законот предвидува дека во трговскиот дел треба да работат само трговски објекти со простор до 200 квадратни метри.

Од Организацијата на работодавачи велат дека идејата за недела како неработен ден произлегува од злоупотребите на некои работодавци, на кои – работниците работеле непрекинато