Не ни знае дека има пандемија“: Британски тинејџер после 11 месеци се разбуди од кома, два пати имал коронавирус

0
115

Џо Флавил (19) лани во март имал сообраќајна несреќа поради која бил во кома. Се разбудил по 11 месеци, но не знаел дека светот го зафатила пандемија, ниту знаел што е тоа корона, а ја прележал двапати додека бил во кома, пренесува „Mirror“.

 

Тој сега е во добра здравствена состојба.

 

„Сепак, не сме сигурни колку е свесен за ситуацијата со која целиот свет се соочува. Неговата несреќа се случи пред локдаунот, а тој како да ја преспа“, рекла неговата стрина Сели Флавил Смит.