Новиот српски патријарх ја вброи Македонија во канонското подрачје на СПЦ

0
68

Поделени очекувањата на владиците и верските аналитичари по изборот на новиот српски патријарх. Иако генерално не се очекуваат големи промени во досегашната црковна политика на СПЦ кон Македонската православна црква, владиката Петар е оптимист дека устоличувањето на Порфириј ќе донесе нов, позитивен моментум во односите меѓу двете цркви, а тоа го темели на на мислењето дека Порфириј доаѓа од епархија која покажува сеопшта прифатеност на сите вероисповеди.

 

Тој, пак, ден по изборот Македонија ја вброи во канонското подрачје на Српската црква од томосот од 1922 година.

 

За аналитичарите, првата беседа на Порфириј треба да се сфати позитивно, но и со доза на претпазливост, бидејќи тој ги спомна и манастирите во земјава што може да отвори други прашања.

 

За верскиот аналитичар Ѓоргевски нема дилеми. Од првата изјава на Порфириј се надзира ставот на СПЦ – односно тие сметаат дека територијата на Македонија и натаму е под нивна јурисдикција. Според него, конечниот став нема да зависи само од српскиот патријарх.

 

Според Ѓоргевски, брзо решавање на статусот на МПЦ – ОА не може да се очекува, а финалниот збор ќе го има вселенската партијаршија која веќе се понуди да посредува во спорот. Сепак заедничка констатација и на Владиката Петар и на дел од аналитичарите е дека позитивниот момент од новиот патријарх би бил ако тој не го оспорува процесот на Автокефалност пред Вселенската патријаршија

Сител Телевизија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

.