Новите автобуси во Тетово се палат само за препаркирање

0
72

Иако кога пристигнаа автобусите, се пофалија дека се направени сите подготовки за старт на јавниот превоз во Тетово, новиот директор на транспортната компанија, сега го менува ставот.

Станиците за чекање на автобуси за новиот проект за јавен превоз во Тетово сè уште не се подготвени. Недостигаат уште многу инвестиции за да може да се користат. Девет од нив се изградени, но иако е потребно да се изградат уште десетици за да се заврши проектот за започнување на превозот, новиот директор на јавното претпријатие најавува брз почеток на јавниот превоз. Вреди да се спомене дека новата компанија сè уште не ја регулирала правилно цената на билетот, сè уште нема прецизно дефинирани маршрути за движење на автобусот, недостасуваат канцеларии на компанијата, но и место каде ќе бидат паркирани автобусите.

Реагираше и опозицијата во Советот на општина Тетово.

 

„Ситуацијата со јавниот превоз е сè уште на нула. Единствениот резултат од денешниот состанок на Советот, беше цената на билетот за студентите, која од 6000 е намалена на 2500 денари. Но, првиот човек на Студентскиот парламент на УЈИЕ најави средба со министерот за образование, со цел билетите да бидат бесплатни како што е за студентите во Скопје“, рече Ариф Селами, советник на AА.

„Задоволни сме, но ќе разговараме за тоа со колегите од скопскиот кампус и колегите на јавните универзитети и сите ќе седнеме заедно да се направи истото во Скопје и  во Тетово“, рече Агрон Демири, претседател на Студентскиот парламент на УЈИЕ.

Петте автобуси за јавен превоз во Тетово пристигнаа на 17 јануари. Истите беа привремено паркирани во дворот на противпожарната единица, додека сега се паркирани во приватна компанија во Тетово.

АЛСАТМ