Нови 416 заразени со Ковид-19, седум починати, 278 оздравени пациенти

0
69

Во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Пријавени се вкупно седум починати пациенти од кои тројца од Скопје (61г, 66г, 86г), двајца од Струга (53г и 73г) и по еден од Охрид (69г) и Кавадарци (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.