ВИДЕО – Омер Ајдини ги пали страниците на книгата пред МОН каде пишува дека Албанците потекнуваат од Роми, Турци и Черкези

0
281

Омер Ајдини од Алијансата за Албанците ги пали страниците на книгата пред МОН каде пишува дека Албанците потекнуваат од Роми, Турци и Черкези.

Ајдини претходно одржа пресс конференција. Ви ја пренесуваме во целост –

Поминаа 20 години откако учениците Албанци, како и Македонците беа принудени да учат фашистички невистини во учебниците за основно и средно училиште.

На 99-та страница од оваа книга за географија, се вели дека Албанците потекнуваат од Роми, Турци и Черкези, додека на друга страница се вели дека Албанците ги окупирале земјите каде што живеат денес и се непријателски настроени за државата.

Учебници, како што е случај со оваа книга за географија за средните училишта се доказ за тотална невистина и показател за фашистички менталитет кон Албанците.

Почитувани граѓани, веќе поминаа 20 години од владата на Демократската унија за интеграција и нејзиното управување со Министерството за образование и наука, по 20 години поплаки од граѓаните и опозицијата досега, учебници како што е случај со оваа книга, продолжуваат да имаат неодобрени фашистички елементи, иако министрите за образование и наука со текот на годините беа албанци.

И денес решивме да им го дадеме заслужениот третман на фашистичките елементи на оваа книга. Бидејќи имаме почит кон книгата како книга, ќе ја поштедиме, сепак ќе ги запалиме и избришеме фашистичките елементи.